АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчера во 22.20 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола мопед марка „ап-6“, управуван од 17-годишник, удрил во запрено моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки. Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а 17-годишниот сопатник на мопедот со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Од страна на увидна екипа бил извршен увид на местото на незгодата.