2win800x200

Битолчанец со нож ранил разбојник во стомакот откако влегол во неговиот дом да го ограби

Октомври 09, 2020

 Средовечен битолчанец со нож ранил еден од двајцата разбојници кои влегле во неговиот дом  го нападнале и му зеле златен накит. 

-На 08.10.2020 во СВР Битола, Љ.И.(58) од Битола пријавил   дека околу 22.45 часот во неговиот дом на улица „Гаврило Принцип“ во Битола две лица влегле и физички го нападнале и му одзеле златен ланец. Според пријавеното, тој со нож прободел еден од напаѓачите во пределот на стомакот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информира СВР Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани