2win800x200

Две битолчанки повредени во тешка сообраќајна несреќа со жртва

Февруари 28, 2018

Двете битолчанки М.И.(64) и А.И. (31) биле повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случила на магистралниот пат Градско-Прилеп во близина на мотелот Дреново. Во сообраќајката животот го изгубил 35-годишниот К.Л. од Скопје кој управувал со возилото „мерцедес“ во кое се возеле и двете битолчанки.

 

Според МВР во сообраќајната несреќа учествувале товарно моторно возило „волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(30) од Велес и такси возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.Л.(35) од Скопје.

Скопјанецот починал за време на сообраќајката, а сопатничките кои биле од Битола, се здобиле со повреди и биле пренесени во болница во Кавадарци, информираат од МВР.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани