2win800x200

Проверка на факти: Ковид19

Видео клип во кој наводно има шишенце од вакцина против ковид, а нема, е искористен за пласирање на лага дека во анти ковид вакцините има метал

Користејќи излагање на само еден имунолог, не земајќи предвид сосема други бројни фактори што ги изнесуваат бројни други професори и доктори, објавена е информација која што де факт е дезинформација и невистина. За „Вистиномер“ и за потребите на оваа рецензија тоа ни го потврди и професор д-р Драган Даниловски

Оваа објава што се споделува на Фејсбук шири лаги и манипулации со кои се нанесува штета врз општото јавно здравје во однос на процесот на имунизација против коронавирусот. Нашата проверка на факти покажа дека не е точно оти со воведувањето на сертификат за ковид-19 се врши присила врз луѓето да се вакцинираат против коронавирусот. Овој сертификат, кој ќе биде неопходен за патување, нема да содржи само информации за примена вакцина, туку, во случај да не сте вакцинирани, ќе содржи информации за негативен ПЦР тест или евентуално ако сте го прележале вирусот, од тест за антитела. Тоа значи дека не е неопходно да сте вакцинирани за да можете да патувате. Второ, не е вистина дека во Македонија се кријат  несаканите ефекти од вакцините. Како што известуваат медиумите, пријавени несакани ефекти има и тие се претежно благи и очекувани симптоми. Смртен исход од вакцините досега не е регистриран. Трето, лага е дека откако Тексас ги укина маските, таму нема новозаболени од коронавирус. На 29 мај се регистрирани 762 нови случаи на заразени

Тврдењето дека вакцините предизвикуваат варијации на ковид, односно дека поради нив вирусот мутира, е неточно. Варијации, односно мутации на вирусот се појавија и пред вакцината да биде достапна во националните планови за имунизација на земјите, а вирусите природно кога живеат долго време во една иста средина, се обидуваат да преживеат, односно да се променат. Исто така, постои дискрепанца меѓу видеоматеријалот што е презентиран и описот над видеото поставен во овој пост, односно тие не кореспондираат

Страница 27 од 27

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани