2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

МОЌТА НА УВЕРУВАЊАТА

Јуни 09, 2018

,,Што и да верувате дека можете или не можете, во право сте,, (Хенри Форд)   

 Што мислите за животот? Дали е тоа нешто што се случува надвор или внатре во Вас? Што е внатре, а што надвор? Можеби никогаш не сте помислиле што за Вас значи животот?

Животот не е надовор од нас, животот е она што се случува внатре во секој од нас. Колку луѓе на земјата - толку животи, поточно толку различни внатрешни чувства за истиот. Дали некој има помалку, а некој повеќе среќа во животот е дискутабилно затоа што она што е надвор од нас некогаш не е исто со она што е внатре. Доживувањето на животот е индивидуална работа. Но, една е генералната вистина –што и да правиме, што и да работиме- ние имаме потреба да го подобриме нашето внатрешно чувство на задоволство, радост и среќа.

Човекот е комплексно суштество, составено од милион едноставни нешта кои го чинат. Низ детството и младоста најчесто формира уверувања кои го водат и тоа несвесно. Како? Мислењата на родителите, околината, субјектите во образовниот процес, колеги, партнери, претходни искуства и слично се земаат за ,,своја вистина“. Зошто е важно да ги откриеме уверувањата? Затоа што уверувањата се моќна работа, тие се водечки принципи кои пружаат значење, мотивација и усмерување во нашиот живот. Ако сакаме да го олесниме нашиот живот мора да ги пронајдеме уверувањата кои не кочат.

Една клиентка во еден контекст ми рече: ,,Не сум доволно вредна“. Ја прашав како го знаеш тоа? Ми одговори: ,,Затоа што од како знам за себе сум повлечена и тивка. Се чувствувам мала спрема другите околу мене. Секогаш дури и од градинка се плашев да се впуштам во игра затоа што се плашев да не згрешам и да ми се смеат,,. Уверувањето ,,не сум доволно вредна“ или ,, не сум доволно добар“ е многу често кај луѓето. Чувството на помала вредност обично се формира во детството кога се врши споредување или етикетирање. Исто така внатре замрсените семејни односи или незнаењето на родителите на кој начин да го охрабрат или мотивираат детето доведува до формирање на уверувања кои не му користат, напротив му прават голема штета.

Ограничувачките уверувања мора да се пронајдат и да се променат. Не дека тој процес е лесен, но коучинг процесот кој користи моќни НЛП алатки со континуирана работа од неколку месеци може да даде значително добри резултати.

Секоја состојба не се лечи со таблета. Понекогаш кога незнаеме од каде доаѓа некоја тежина кои ја чувствуваме, а не поминува, нешто што не тера да правиме избори и одлуки кои не ги сакаме,манифестираме одредено однесување, корисно е да се вклучиме во процес во кој водени од едуцирана личност ќе дојдиме до своите одговори сами. А, на тој начин си даваме можност да се отвориме и имплементираме ново уверување кое ќе ни го олесни и промени животот.

Пишува,

М-р Билјана Галовска професионален коуч и НЛП практикант (инфо разговор на 072/252-603 или на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани