АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Ете една од многуте случки кои се случуваат во Медицинското училиште во Битола Др"Јован Калаузи" на чело со директорката која што проблемите како овај ги притајува и не реагира, а во прашање е живот на ученици односно, во овај случај 16 годишно девојче.
Изјава од учениците кој беа сведоци на тоа што се случи:
Имено, утринава девојче се упатило во тоалетот каде што таванот и се срушил врз глава и одвај се извлекла од тоалет. Ученичката уредно пријави, преплашена од ситуацијата. Најжално и мизерно е што во тој момент никој не изрегира соодветно на ситуацијата.
Директорката влезе во класот каде учи девојчето после еден час и со добри манипилации се потруди да ги замолчи учениците со цел умешно да ја прикрие настанатата ситуација. Цитирам:
"ПА ТИ СИ ЈУНАК,БИТНО СИ ЖИВА" смеејки се ја потапка по грбот и убедубајки ја дека се е во ред. Но,кога учениците се побунија и кажаа дека се загрижени за нивната безбедност,таа бурно изреагира и рече како немаме право на глас. И нашата безбедност е на високо ниво.
Ние учениците,јавно ѝ поставуваме прашање на не одговорната "загрижена" директорка како после оваа ситуација да сме смирени и нашите родители да веруваат дека нашата безбедност во Средното медицинско училиште е на високо ниво?
Денес ова, а утре што?
Каде се одговорните да реагираат?“
(Анономно писмо од ученици во Средното медицинско училиште во Битола)
Истото анонимно писмо е објавено на социјалните мрежи и се препраќа меѓу средношколците од Битола.
Инцидентот се случи утрово, од Општината соопштија дека незначително е повредена ученичка и побараа одговорност од директорката, а таа ни рече дека девојчето не е повредено, само е исплашено и во разговор со родителите ѝ рекле дека е добро.