АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Андреј Гинов е ново избраниот директор на ЈКП Водовод Битола. Гинов досега беше вработен во РЕК Битола и по професија е дипломиран инженер за безбедност и здравје при работа, магистер во оваа област.
Досегашниот директор на ЈКП Водовод Битола Пеце Милевски, замина од функцијата откако на последните парламентрани избори доби мандат за пратеник во Собранието на Република Македонија.
Од Општина Битола информираат дека-„Андреј Гинов е нов в.д директор на ЈКП Водовод. Гинов е роден на 12.07.1984, а магистрирал безбедност при работа. Во досегашниот период, бележи 17 годишно работно искуство во ЕЛЕМ – РЕК Битола. Неговото назначување доаѓа по верификацијата на пратеничкиот мандат на досегашниот директор на ЈКП „Водовод“, Пеце Милевски.“
А.Б