2win800x200

Што значи градењето личен став и личен избор низ професионалното око на Ана Салтирова Давидовски

Декември 05, 2024

 

Ана Салтирова Давидовски е автор, NLP тренер и coach, тренер за личен развој, искусен HR професионалец кој од 2005 година расте и твори во HR светот и активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Исто така, ја покрена и Kампањата #ЛиченИЗБОР која има за цел свесна промена на фокусот на мислата за враќање на доброто расположение повторно во мода, во која креира материјали за личен развој, како и материјали за родители/деца (за поддршка на родителите во подготовка на децата за светот на големите, погледни го #КЛУБзаРОДИТЕЛИ и #NLPзаДЕЦА). Во склоп на оваа кампања е и интерактивната книга #Благодарам која во првата година се најде на листата на 20 најпродавани книги преку КупиКнига.мк, а третото издание е со фонтот на дислексија под мотото Секој може!, книгата „50+ идеи за #Благодарам“, исто така, свое место заземаат и: игрите и картите #Благодарам, играта и картите #КакоМОЖЕ, недатумираните планери, односно „Годишен планер ЗА…“ и „Годишен планер за Среќни родители“, кои се поддршка во развојот на посакуваните навики/вештини, како и други материјали (повеќе на www.AnaSaltirova.mk).

? Писмо #Благодарам 2024

Не знам како е кај вас но кај нас дома веќе полека почнува да се зборува за пишување на писмо на Дедо Мраз (да, Елена 9 уште верува, а со сопругот ќе и ја негуваме идејата сè додека има место во нејзиното главче).

Кога се спомена писмото на Дедо Мраз ми помина една мисла низ глава, а тоа е да ги поканам и моите деца да ми се приклучат во пишување на Писмо #Благодарам на годината којашто поминува, а кое традиционално го пишувам на крајот на годината. А потоа ми помина уште една мисла да ја поканам и целата #Благодарам заедница да се приклучи на оваа идеја ако им изгледа интересно. Во продолжение е големата идеја ?.

На крајот на годината, природно е да се размислува за сè што поминало. Во овој период, секоја година пишувам Писмо #Благодарам 202Х, и размислувам за лекциите што ми ги донела годината.

Зошто да напишете Писмо #Благодарам 2024?
Оваа едноставна навика стана драгоцен дел од мојот живот. Не само што ми помага да ги рефлектирам настаните од годината, туку ме исполнува и со благодарност за лекциите — големи и мали — кои ме обликуваат. А најубавиот дел е кога ги препрочитувам писмата од претходните години. Чувството е одлично да се освести колку човек расте и се менува со текот на времето, за мене исто многу важно да проверам дали се движам во насоката која ја сакам, дали изборите ги правам јас или…

Затоа те поканувам и тебе да се приклучиш на оваа традиција, да напишеш Писмо #Благодарам 2024 во кое ти ќе ги поканиш и детето/дечињата. На овој начин можеме да им помогнеме да ја разберат моќта на благодарноста и важноста од животните лекции.

КАКО да се напише Писмо #Благодарам 2024 (заедно со децата)

Еве неколку едноставни чекори кои можете да се следите:

  1. Започнете со благодарност: Сите запишете по 3 нешта за кои сте благодарни од оваа година (бонус — напишете под секоја благодарност и зошто).
  2. Размислете за научените лекции: Кое искуство те научи највредна лекција? Што научивте (ти, твоето дете/деца) што ве направи посилни, помудри, пољубезни или…?
  3. Кажете им и на другите #Благодарам: Помислете на некој што направил разлика во вашиот живот оваа година и заблагодарете му се за неговата поддршка, добрина или…

? ИДЕИ за инспирација

Ако ти е потребна дополнителна помош, еве неколку прашања од интерактивната книга #Благодарам кои можат да бидат инспирација:

  • Кое сеќавање е најсреќно од оваа година и зошто?
  • Кој момент со семејството ви донесе најмногу радост?
  • Кои се оние мали работи во вашите денови кои ги прават деновите големи?
  • Кој предизвик ве научи нешто важно?
  • Нешто што беше тешко, но по некое време стана лесно?

Овие прашања ќе ви помогнат да водите квалитетно разговори, да размислите за важните моменти и да креирате среќни сеќавања во семејната меморија на кои со насмевка на лицето ќе им се навраќате во годините што доаѓаат. Повеќе идеи во ?

 Ана 2

Ана 1

 

 

Одвојте една вечер, соберете се сите заедно, напишете ги писмата, а можете да напишете и едно семејно писмо. Ова е одличен начин да погледнеме што сè имаме во нашиот живот што е благослов, а годината да ја завршиме исполнети со благодарност. Ако ти се допадне ова може да стане и семејна традиција.

Ако се одлучите да се вклучите, би се радувала од ?да слушнам за вашето искуство. Пишете ми или означете ме на социјалните мрежи да поттикнеме и други да се приклучат на оваа идеја и да ја негуваат благодарноста.

Ајде заедно да ја шириме магијата на #Благодарам!

За КРАЈ сакам да те повикам да размислиш за заменување на дел од чоколадите во новогодишните пакетчиња со КНИГА.

КНИГАТА е ? кој може да се отвора одново и одново, да им поклониме на дечињата квалитетно време со нивните родители. Со купување на некоја од книгите на ? добивате: игра #Благодарам, домино #Благодарам, карти и картички #Благодарам, коцка #Благодарам и 30 дневен предизвик #Благодарам.

Нарачката можете да ја направите на мојата страна www.AnaSaltirova.mk.

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани