2win800x200

Соопштение на ЈКП Водовод-Битола

Ноември 19, 2019

 ЈКП Водовод Битола ги известува своите порошувачи, дека почнувајќи од месец ноември 2019 година при наплата на сметките за потрошена вода   АД за поштенски сообраќај - „Македонски пошти“, се наплаќа провизија од 15 денари по сметка, зашто не бевме претходно известени.

За да не би биле непотребно изложени на дополнителни трошоци Ве известуваме дека сметките за потрошена вода може да ги плаќате во наплатниот центар во дирекцијата на ЈКП „Водовод“ Битола  на улица „Климент Охридски„ бб, а наскоро и во новиот наплатен центар во зградата на „Работнички Универзитет“ на улица „Рузвелтова“.

Исто така наплатата на сметките за потрошена вода   може да се изврши и преку интернет порталот www.vodovdbt.mk , како и преку следните Банки;

-           Стопанска банка АД Битола

-           Комерцијална Банка

-           НЛБ Банка

-           Прокредит Банка

-           Уни Банка

-           Шпархасе Банка

-           ТТК Банка

-           Централна кооперативна Банка

-           Халк Банка

-           Силк Роуд Банка

                                                                                               

ЈКП„ВОДОВОД“

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани