2win800x200

Седница на Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола

Септември 16, 2020

Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола на денешната седница одржана под претседателство на Томе Димитровски откако го разгледа и усвои извештајот на Надзорниот одбор од одржаната седница на почетокот на месецов, расправаше и за иницијативата за отворање на клубови на пензионери во просториите на месните заедници. Токму за тоа неодамна потесното раководство на битолските пензионери разговараше и со градоначалничката Наташа Петровска. Се планира до крајот на годината ова прашање да биде разрешено во полза на битолските пензионери за да може тие да имаат свои катчиња за одмор, рекреација и забава. 

На седницата беше и информирано дека на 25 септември во Демир Хисар ќе се одржи регионална музичка ревија на која ќе се претстават членови на Ансамблот „Сирма Војвода“ кој делува во рамки на Здружението на пензионери во Битола. Со оглед на тоа дека 20 септември се празнува како ден на пензионерската организација, поради ситуацијата со пандемијата на ковид-19 , раководството на битолското Здружение на 23 септмеври со скромна свеченост ќе го одбележи овој празник. DSC 0581

DSC 0579

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани