2win800x200

Опозициски автогол (пишува Валентин Груевски)

Јуни 04, 2021

 

Во претходните два текста за порталот Апла, пишував за две области, училишта и детски градинки, во кои за овие четири години, се постигнаа резултати многу поголеми и многу подобри отколку во целиот дванаесет годишен период на претходната власт.  Новите инвестиции кои се направија во овој период, значително ја подобрија инфраструктурата во овие објекти и ги подобрија условите за престој во нив.

На последната седница на Советот на Општина Битола, опозицијата, несвесно, барем се надевам, се закачи за уште една тема, во која резултатите на оваа власт се добри и видливи. Зборувајќи за брошурата во која се наброени реконструираните улици во Битола, темата од тоа дека ништо не  е направено, власта ништо не прави,  ја префрлија на теренот дека тоа што се прави не е довршено, не е добро направено, дека не е добро насликано, со што индиректно си дадоа политички автогол.

АВТОГОЛ

Затоа што кога застапувате теза дека ништо не е направено, и по една година кажете дека нема да се доврши и дека тоа е лошо, преминувате во фаза во која признавате дека се направило, ама тоа Вас не ви се допаѓа, што се сосема различни работи и различни тези. Несвесно си го признавате поразот кој сте го доживеале, и сето тоа предизвикано од точка на дневен ред, во која добивате пари за изградба на пат кон село Брусник, како дополнителна аргументација дека сепак нешто се прави.

Ккао потврда на тезата, на сега веќе опозицијата, дека нешто се прави, ќе Ве потсетам , почитувани, за околните патишита кои се направија надвор од градот. Најпрво беше реконструран целиот патен правец до РЕК Битола, нов асфалт беше поставен до Породин, 3км до Братиндол, реконструиран беше и регионалниот пат Битола-Лопатица, Обиколницата доби нов лик, патот до Барешани, до Малоишта проширен и реновиран, Кажани, Цапари, патот до Буково, патот до Лавци, а наскоро до Острец, Трново-Магарево и Брусник 

ЕДЕН ПЕРИОД

 Се вртеше една теза дека се гради само во селата и околу Битола, а никако во градот. Ама мавтајќи со брошурата на  седницата на Совет, ги покажаа улиците кои се реконструирале или се реконструираат во градот. Комплетната касарна, Крушевска, Бранко Радичевиќ, Широка, Партизанска, Илинденска, Леринска, Борис Кидриќ, Рузвелтова, Тошо Даскалот, Македонска Фаланга, Смилевски конгрес, Младински бригади, влезот од страната на Прилеп, влезот од Охрид, Хераклеа, Ѓорги Ѓеоргиев Џоџа, Пробиштипска а многу брзо и уште неколку други улици.

Списокот е голем, и ја руши  првичната опозициска теза. За втората теза за лошата изведба, за разни наоѓања на мани и недостатоци, секогаш и секаде може да се разговара и да се поправа. Ама важниот автогол кој некни си го постигнаа, ја изместува целата локална политичка дебата на сосема друг колосек.

Пишува Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола, член на  Либерално-демократската партија    

    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани