2win800x200

Горди сме (пишува Валентин Груевски)

Јули 23, 2021

 

ГОРДИ СМЕ

                Полека, ама сигурно се приближуваме кон истекот на четиригодишниот мандат на оваа власт и почнуваат да се сумираат резултатите од направеното ама и од ненаправеното, се подвлекува цртата, се бројат новите објекти, улици, паркови, ама се бројат и нереализираните ветувања. Првиот дел е многу поголем од вториот, тоа го тврдам постојано, секаде и во секоја прилика. Дали можеше повеќе, секако дека можеше, бидејќи секогаш може повеќе.

                Дали на Битола и треба повеќе и дали треба да се задоволиме од постигнатото? Никако, бидејќи Битола треба да се развива, Битола има потенцијал, за Битола се што ќе се направи не е доволно, мораме сите да се потрудиме да и го вратиме сјајот кој некогаш го имала. Жално е што во минатото изостанувала визијата за нејзин развој, ама ако сакаме напредок мораме да ги дефинираме главните насоки, стратегии и планови за развој во следните дваесетина години.

                ЛДП

                После дванаесет годишно опозиционерство, ЛДП, во овие четири години учествуваше во локалната власт, и од тоа нема бегање. Нашата одговорност, за се добро и за се лошо во овие четири години, не е ниту помала, ниту поголема, туку еднаква со бројот на функционери, членови на партијата кои сме ги имале во овој период. ЛДП го управуваше третото и петтото, по финансиска моќ јавно претпријатие во градот, една градинка и две училишта, и претседаваше со општинскиот  Совет.

                Резултатите кои ги постигнавме во овие институции, како партија и како луѓе не прават исклучително горди, бидејќи докажавме дека може со едно домаќинско, одговорно, скромно, и посветено работење да се постигнат одлични резултати, да се воведат новитети, да се исплаќаат обврските кон сите, фирмите да должат  колку  едно домаќинство, а сепак да се инвестира, да се обновува, да се реновира, да се купува.

                УСПЕАВМЕ

                Да обезбедиме директен пренос од седниците на Совет и оваа институција да ја направиме потранспарентна и подостапна за сите кои се заинтересирани за нејзината работа. Одржавме најголем број на седници од сите совети во државата и секогаш работевме со кворум на истите. Воведовме нови стандарди за управување во градинките. Од старо, направивме ново. Градинките веќе не се препознаваат, како во внатрешниот дел, така и однадвор.

                На училиштата им го сменивме ликот како на ентериерот, така и на екстериерот. Нови училници, осветлување, подови, врати, прозорци. Нови спортски терени после 40 години стар, истрошен асфалт,  нова радост за децата, ама и за возрасните кои живеат околу училиштата.

                И затоа после четири години, гордо ќе застанеме пред гласачите и ќе побараме поддршка за една решителна политика, за една похрабра политика, и ако добиеме доверба, а јас сум убеден дека ќе ја добиеме, ќе сработиме, ако не исто, барем два пати подобро отколку во овој мандат.

Пишува Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола, член на  Либерално-демократската партија  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани