2win800x200

ЗАНИМЛИВОСТИ

Најчестите станари на Тумбе кафе, вервериците,  се се попитоми со рекреативците и минувачите. Малите паметни животинки до долги бушави опашки и денеска слободно се движеа покрај патеките каде битолчани редовно рекреираат на ридот. Во потрага по храна вервериците кои живеат по парковите и градините одамна научиле дека човекот е извор на храна.

На плоштадот во Ресен се одржа манифестацијата „Сквер арт“. 50-тина ученици од основните училишта од цела Преспа, на ликовната работилница под отворено небо, имаат слобода и можност своите креации да ги престават на плочките на градскиот плоштад „Цар Самуил“, на штафелаи, на хартија и на паноа. Организатори беа Дом на култура „Драги Тозија“ и Општина Ресен.

Битолчани утрово се восхитуваа на виножитото после неколку дена дожд. Овој метеоролошки феномен многумина го регистрираа со своите мобилни телефони и уживаа во боите на виножитото.

Под снежниот врв на Пелистер, цветаат магнолии. Вака изгледа Битола од градскиот парк. Од едната страна се вишнее планината каде има снежна покривка од 40 тина сантиметри, а од другата страна всипани од цветови се магнолиите. Битолчани можат да уживаат во две годишни времиња. Во зимата на Пелистер каде снегот може да ја продолжи сезона или да прошетат во градскиот парк каде пролетта магнолиите ги обои во розово-пурпурна боја.Поради нивната убавина и плоштадот во срцето на Битола е наречен Магнолија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани