
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Движењето ЗНАМ на локалните избори во Битола ќе учествува само со советничка листа. За носител на листата се определи за Јагода Талевска, секретар на општинската организација во Битола, која е малостопанственик во пензија. На второто место е Биљана Анастасова дипломирана медицинска сестра. Потоа следува Милорад Петрески, магистер на правни науки, па Билјана Лозановска, магистер на дефектолошки науки. На пето место на листата е кандидатката Јулијана Цветановска, туристички работник и преведувач. Од ЗНАМ велат дека имаат -"тим составен од луѓе со знаење, интегритет и визија, кои целата своја енергија ќе ја насочат кон системски решенија за да се подобри животот во Наша Битола.