Проф. д-р Љубе Никлески, доктор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола, на насоката царина и шпедиција, е кандидат за советник во Советот на Општина Битола од листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Вработен е во Царинската управа - Битола, со околу дваесетгодишно работно искуство од кои 11 години ги поминува на раководни позиции. Никлески е и магистер на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и магистер на правни науки од областа на казнено право и криминологија.
Во научно-истражувачката дејност има објавено 5 научни трудови, на англиски јазик, со оригинални истражувања.
-Мојата визија и мојот фокус како кандидат за советник, се и ќе бидат: образованието, економијата и финансиите, спортот, туризмот и младинската перспектива. Советникот го избираат граѓаните и затоа треба да работи во интерес на граѓаните, она за што јас целосно ќе се залагам. Нема да ветувам чуда, но Ви ветувам, чесност, искреност, посветеност и работа, а се во интерес на граѓаните на Општина Битола. Сите заедно, со нова енергија ќе продолжиме да ја градиме Општина Битола, каква што ја заслужуваат граѓаните, вели Никлески.