
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Убедливо води по бројот на гласови Тони Коњановски за градоначалник на Битола. Според неофицијални податоци од политичка партија од обработени 163 избирачки места од вкупно 170 за Коњановски гласале 51 процент од излезените гласачи, или безмалку 17800 гласачи. Далеку зад него е Габриела Илиевска од Поинаку со помалку од 7.600 гласови, па Методија Куновски од СДСМ со околу 5800 гласа, па независниот Зоран Николовски со 630 гласови.