Тони Коњановски победи во првиот круг на локалните избори во Битола

Октомври 19, 2025

Актуелниот градоначланик на Битола Тони Коњановски победи во првиот круг од локалните избори во Битола. Според Неофицијални податоци за Коњановски гласаа близу  51 процент од излезените гласачи, или речиси 18.800 гласа.   

Сакам да прогласам апсолутна победа за градоначалник, но и за Совет на Општина Битола бидејќи во новиот општински Совет ќе имаме апсолутно мнозинство, изјави вечерва Коњановски.

Тој се заблагодара за поддршката и довербата од битолчани и најави континуирана работа во Општина Битола.

-Благодарам на довербата што ми ја дадовте да продолжиме таму каде што застанавме иако всушност ние никогаш не застанавме. Поддршката е огромна и тоа е огромна чест, но и одговорност за и понатаму да продолжиме заедно по патот кој го зацртавме. Огромна благодарност до сите граѓани, од сите етникуми затоа што Битола е мултикултурен и мултиетнички центар. Оваа победа е заедничка. Оваа победа е победа на граѓаните на Битола кои го знаат патот по кој ќе продолжи градот, но и поактивно затоа што граѓаните препознаа што работевме во изминатите четири години, а така ќе продолжиме, истакна Коњановски.

Старо-новиот градоначалник на Битола Тони Коњановски вечерва се заблагодари и на противкандидатите за фер и демократска битка.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани