Драганчо Саботковски ја доби довербата од могилчани за втор мандат

Ноември 02, 2025

Во Могила, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски, прогласи победа во вториот круг на локалните избори за градоначалник на општината.

-Во Могила победи ВМРО-ДПМНЕ, победи вербата, упорноста и љубовта кон нашата општина“, објави Саботковски на Фејсбук.

„Продолжуваме со уште поголема енергија и една цел — да ја направиме Могила поубава, поразвиена и подобра за живеење“, објави Саботковски.

Инаку, според последните нецелосни податоци на Државната изборна комисија, во Могила гласале 54,75 отсто од избирачите. Во општината се евидентирани вкупно 4.671 избирачи. Драганчо Саботковски, кандидат накоалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освоил 81,57 отсто од гласовите, а Сашо Пивковски, предлог на група извбирачи освоил 14,46 отсто од гласовите во вториот круг.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани