Пратеникот Пеце Милевски - 15 милиони евра за 80 проекти за Битола додели Владата на ВМРО -ДПМНЕ на двата јавни повици

Ноември 17, 2025

Битола доби поддршка за 80 проекти од двата повици во вредност од 15 милиони евра, истакна пратеникот од Битола Пеце Милевски на расправата за предлог буџетот за 2026 година. 

Со средства од Владата  се овозможува финализирање на изградбата на новата Пречистителна станица за Битола во висина од 40 милиони евра.
Милевски вели дека од голема важност за Битола и регионот е изградбата на автопатот Битола - Прилеп кој ќе овозможи забрзување на економскиот развој на целиот Пелагониски регион, но и ќе овозможи значително поголема безбедноста за возачите и воопшто учесниците во сообраќајот. "Покрај за понижувања и срам, рушење на националното достоинство и клучните интереси на државата, високата корупција,  граѓаните во 2024 со нула ја оценија и во делот на економијата поранешната влада предводена од  СДС и гласаа како што заслужија.
Тешкиот предизвик за стабилизирање на државата успешно помина со ребалансот во 2024 и Буџетот во 2025 година.
Потоа следуваше, на задоволство на сите - период на стабилизација", напоменува Милевски. 
Пртаеникот од собраниската говорница нагласува дека за прв пат имаме Влада која вистински се грижи за рамномерен регионален развој - подеднакво за сите општини, како и тоа дека во овој предлог - буџет многу се внимава на мерките за намалување на сивата економија и зголемувањето на наплатата на буџетските приходи. "Сето ова нема да биде возможно ако предлог - буџетот за 2026 не се темели на главните фискални принципи, а тоа се одржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност. 
 И со овој предлог - буџет многу се внимава на мерките за намалување на сивата економија и зголемувањето на наплатата на буџетските приходи. 
Предлог - буџетот е втемелен на реални проекции, а тоа значи испланирани приходи врз реалните можности, а расходи исклучиво насочени кон стратешките приоритети", истакна пратеникот Милевски во својот говор. 1000009218
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани