Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата, односно мерките и активностите за справување со пандемијата со коронавирус, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е ставен во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201  и меил адресата  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано прославување во текот на претстојните празници. 

Во Битола има 32 лица со решенија за здравствен надзор, а 140 лица со наредба за самоизолација,информира техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по чл. 206 ст.1 од КЗ на РМ, СВР Битола поднесе кривични пријави против пет лица, и тоа: Р.Р., П.Р, Е.Р, Б.Р, С.Р, сите од Битола. 

-Одделот за специјални полициски задачи даваше асистенција на СВР Скопје за контрола поради недозволено групирање и собирање граѓани за кои имаше информации дека се собираат во одделни подрачја и други градови за кои имаше информации дека не се почитува одлуката на Владата. Информирам дека уште во текот на денешниот ден секторите за внатрешни работи ќе бидат зајакнати со припадници на Единицата за брзо распоредување, со цел поефикасна контрола на мерките од Владата, рече Чулев.

Тој повика граѓаните да пријавуваат непочитување на мерките.

„Во однос на телефонската линија, информира дека во изминатите два дена евидентирани се вкупно 59 еленткронски пораки и 402 телефонски повика, а се прашува за регулирање на сообраќајот за товарни возила, функционирањето на граничните премини, како и за постапка за извлекување наши граѓани на друга држава. За повеќето од прашањата, ги повикувам совесните граѓани да ги користат 080000201 и имејл-адресата за да добијат целосни информации и да пријават непочитување на мерките за самоизолација или секое друго непостапување, како забраните за собири, функционирањето на угостителските објекти“, потенцира техничкиот министер.

Во пресрет на новогодишните празници, кога е зголемена  употребата на петарди и други пиротехнички средства, од Министерсвото за внатрешни работи предупредуваат за опасноста од нив, а исто така потестуваат дека казните се високи. 

„Не употребувајте петарди! Над 150.000 луѓе во светот секоја година остануваат инвалиди поради употреба на петарди, од нив 80 отсто се деца“, се неведува во соопштението од МВР. 

 

Враќање на маалските полицајци, најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при неговата посета на општина Битола, каде се сретна  со градоначалничката Наташа Петровска. Истот така, министерот оствари средба и со началникот на СВР Битол и неговите соработници. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани