АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синдикалната подружница на РЕК Битола успешно го реализира Пролетниот турнир во спортски натпревари на кој учествуваа членови на синдикатот. Покрај популарните дисциплини кои традиционално се организираат, како што се, мал фудбал за мажи и пикадо за жени, на овој Пролетен турнир после долго време, беше организиран натпревар во риболов кој се одржа на Рековското езеро. Жените, пак, ги одмерија силите во куглање, што претставува уште една нова и интересна дисциплина во спортските натпревари за синдикалните членки на РЕК.
Првото место на натпреварот по риболов го освои Никола Никодиновски, второто место Александар Стојковски, а на третото место заврши Сотир Гулевски. Кај мажите, најдобра екипа во мал фудбал на Пролетниот турнир е екипата на ПЈС, зад нив се фудбалерите од Брод, а на третото место екипата Новаци.
Најдобра кугларка во РЕК Битола е Тања Ничков, на второто место е Даниела Петковска, а третото место ѝ припадна на Наташа Димовска.
Во дисциплината пикадо, најмногу поени освои Бети Десоска, на второто место се најде Благица Ендековска, а третопласирана е Тања Ничков.
Заедничко за сите дисциплини и натпревари е што поминаа во одлична атмосфера. Колегите имаа можност да се дружат надвор од работните места и да си ги одмерат силите во дисциплините што најмногу “им лежат”. Синдикалната подружница на РЕК Битола, како организатор на турнирот, уште еднаш покажа дека знае да одговори на потребите на своите членови и умее да ги направи задоволни вработените во комбинатот што, пак, се пресликува во нивното успешно извршување на секојдневните работни задачи.