АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нека 30 септември е денот кој ќе биде празник за современата македонска историја, за европска Битола и европска Македонија, повика градоначалничката Наташа Петровска вечерва од митингот "За европска Македонија" што се одржа на плоштадот „Магнолија“.
-Овде сме да ја покажеме нашата политичка зрелост, не како политичари, туку како битолчани дека умееме да учиме од историјата , она што било добро да го зачуваме , она што не чинело да не се повтори. Важно е во овие моменти да се одбере патот на иднината на државата како потврда на таа зрелост, рече градоначалничката Петровска пред битолчани.
Петровска рече дека членството во НАТО не е важно само од аспект на безбедноста туку прашање е на економски просперитет, а таа перспектива ни дава шанса да не ни се испразнат домовите, да не згаснат огништата. Таа притоа направи разлика за шансите и можностите на граѓаните сега и кога државата би била членка на ЕУ и НАТО.
-На бистричките праски, на цапарските компири, на нижеполското сирење, на шумските плодови во нашите гори им треба европскиот пазар, нам ни треба широкиот пласман. Своевремено пазарџиите по пазарниот ден во Битола продолжувале во Корча, во Албанија , следниот пазарен ден се наоѓале во Грција , нам ни треба таков живот за нашата чаршија. Да не зборуваме веќе за физички и суштински граници, да зборуваме само за административни граници, да станеме дел од обединета Европа, рече Петровска .