АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денешниот голем христијански празник Богојавление –Водици со себе ја носи симболиката на повторното раѓање, новите почетоци и ја испраќа пораката на заедништво, меѓусебно почитување и помагање, порача пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски кој денес присуствуваше на богослужбата во црквата Свети Димитрија во својот роден град Битола и на традиционалното фралање на крстот.
„Ми претставува чест што за овој голем христијански празник сум тука меѓу своите сограѓани. Како граѓани и како општество, имаме заеднички стремеж, но и обврска да ги почитуваме овие вредности. Тие вредности водат напред, влеваат доверба во чесното, во исправното.На православните верници им го честитам празникот Богојавление – Водици и им посакувам мир, спокој и добро здравје“, порача Кирацовски.
Неговото присуство во Битола го искористија дел од новинарите за да постават политичко прашање. На прашањето како ги коментира кривичните пријави од ВМРО-ДПМНЕ против претседателот на Собранието, Талат Џафери, тој рече дека таквите пријави се беспреметни, а дали треба кривично да одговара и претседателот на државата Иванов, одговори дека не е вредно ни да се размислува.
„Првично ние како политичка партија комплетно го поддржуваме потегот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да го потпише Законот за ратификација на договорот со Грција и Законот за употреба на јазиците. Претседателот Иванов согласно член 75 став 3 од Уставот на Република Македонија беше должен да го потпиши Законот за употреба на јазиците зашто два пати минуваше во Собраниетона РМ. Мислам дека кривичните пријави против претседателот на Собранието Талат Џафери се беспредметни, а дали ќе има основа да се поднеси кривична пријава против претседтелот на државата во овој момент ниту сме размислувале, нити пак е вредно да се размилсува“, рече Кирацовски.