2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во Градскиот парк се подига споменик за италијанските војници од Македонскиот фронт 1916-1918

Март 27, 2019

Во Градскиот парк во Битола  се подига споменик за италијанските војници кои се бореа на Макeдонскиот фронт 1916-1918 година. Постаментот со спомен плочатa и партерното уредување се веќе направени  и се чека денот кога свечено ќе бидат претставени пред јавноста, иако на споменикот пишува„ Битола, декември 2018“.ffff

 

На спомен плочата стои-„Далеку од својата татковина, 50 000 италијански војници се бореа на Македонскиот фронт. Околу 3 илјади загинати, околу пет  илјади исчезнати и повредени. Голите бројки не можат да ги раскажат страотните страдања што тие ги претрпеле, ниту да ја измерат честа и храброста на италијанските борци во текот на трите тешки години војување во ровови. Нека идеалите за мир и слобода бидат инспирација за идните генерации.

По повод сто години од нивното жртвување Италијанска Амбасада во знак на вечен спомен, ја постави оваа плоча“.

Советот на Општина Битола претходно донесе одлука за поставување на споменикот и ја определи локацијата.

fu2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани