АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На општините им е потребно целосно реорганизирање, бидејќи вака само се трупаат административци, порача денеска министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
-Градоначалниците да влезат со тимови, кои ќе имаат мандат додека трае мандатот на градоначалникот. Вака секој градоначалник сака да стави свои луѓе и администрацијата се дуе како балон. Тоа е невозможно да се издржи, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Тој рече дека Владата планира да го прошири процесот на децентрализација на локалната самоуправа и дел од надлежности на државата да преминат кај општинските власти.
-Разговаравме со сите министри, да видиме што тие се подготвени да отстапат од своите надлежности на општините. Ние правиме анализи, кон крајот на август се состанува експертскиот тим и ќе направиме некоја драфт верзија во која што сакаме да се вклучи и општината“, изјави Милевски.