АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изработена е нова сообраќајна студија за уредување на коловозот од крстосницата кај Педагошки факултет до бензиската пумпа на Макпетрол на излезот од градот.
,,Сообраќајната студија опфаќа пешачки патеки, велосипедски патеки и нов коловоз во делот каде што нема заклучно со мостот кај бензиската пумпа", најави претседателот на Советот Валентин Груевски.
Со оваа студија предвидено е да се градат велосипедски ленти (на коловоз), две сообраќајни ленти за сообраќај во две насоки и тротоари од двете страни на коловозот. Профилот на улица ,,Довлеџик"е 14 метри кој ќе опфаќа 1,5+1,5 метри тротоар од двете страни, 1,5 +1,5 метри велосипедска лента од двете страни на коловозот, 1+1 метар заштита меѓу велосипедите и моторните возила од двете страни на коловозот со еластични столбчиња и 3 +3 метри сообраќајна лента за моторни возила.
Предвидено е проширување во однос на постојаната состојба на потегот од реката Курделес до реката Драгор со што постојаниот коловоз се проширува од 7 до 11метри.
Ж.З.