2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Интервју со д-р Николче Шулевски: „ДЕНОВИВЕ ПРОБНО ТЕСТИРАЊЕ ЗА ДА СЕ ОТСТРАНАТ СИТЕ ЕВЕНТУАЛНИ ПРОБЛЕМИ СО НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ОН ЛАЈН УЧЕЊЕ“

Септември 28, 2020

Апла: Вие сте единствениот национален обучувач во Битола за Националната платформа за учење на далечина која ќе се користи за време на оваа школска година. Што е вашата задача?

Н.Ш.: Национален обучувач подразбира да сте дел од тимот од 30 наставници од основните и средните училишта во земјава кои преку обуки ја добижуваат Националната платформа кон училишните обучувачи, а такви во нашата земја ги има 1615, тие пак, ја пренесуваат платформата, односно овој нов начин на онлајн настава, кон сите наставници и професори во училиштата. На 24 наставници доаѓа по еден училишен обучувач.

 

Апла: Дали сметате дека ќе се надминат проблемите со Националната платформа за он лајн настава со оглед на тоа дека уште на првиот ден од тестирањето системот падна?

Н.Ш.: Денес и утре се изведува пробно тестирање на Националната платформа, тоа значи сите комплетно да ја испробаме и наставниците и професорите и учениците и родителите, да видиме како тоа ќе функционира. Секако дека во овој пробен период може да дојде до одредени мали прекини, ете денес имавме прекин на платформата, но затоа ова е пробно тестирање за да се надминат овие проблеми и се надевам дека сите тие пречки ќе бидат отстранети до почетокот на школската година и нема да имаме такви проблеми од 1 октомври.

Апла: Како експерт од оваа област, Вие сте доктор на науки по методика на онлајн настава, како ја оценувате Нациоанлната платформа за он лајн учење?

Н.Ш. : Давам поддршка и можам да посочам дека оваа платформа е најкористената во светот за образование. И како претседател на здружението МУДЛ Македонија со седиште во Битола сум горд што во нашата земја се поставува најголемата платформа во светот за онлајн учење. Да ги охрабрам и наставниците и учениците, овој тип на настава е квалитетен. Националната платформа за учење од далечина се одвива во два сегменти, конференциски сервис за воспоставување на аудио и видео комуникација со наставниците, тоа е Microsoft teams преку кој што учениците од основните и средните училишта ќе можат да воспоставуваат аудио и видео комуникација. Додека сегментот учење на далечина преку Националната платформа на учење во далечина се изведуваа на платформа каде учениците ќе учат, читаат пишуваат, ќе изработуваат домашни и училишни задачи, ќе се тестираат, ќе вежбаат, односно местото каде ќе се обавува образованиот процес..

Апла: Како течат обуките кај настваниот кадар?

Н.Ш.: Досега обуката протече во најдобар ред, траеше три дена кон училишните обучувачи. Но, морам да кажам дека сето ова се одвива со забрзано темпо, сепак забрзаното темпо на спроведување онлајн настава не е само во нашата земја туку поради коронавирусот секаде во светот. Забрзаното темпо доведува до забрзани обуки. Наставниците добро се снаоѓаат, но потребен е период за адаптација бидејќи сето ова е ново. Ги охрабрувам наставниците, професорите, учениците да ги користат овие алатки.

Апла: Каков е односот на учениците кон новиот начин на настава?

Н.Ш.Учениците според моите сознанија добро ја прифајќаат платформата, тие имаат добри информатички компетенции, се снаоѓаат. Викендов беа доделени корисничките имиња и лозинките на сите ученици. Тие успешно се најавија. Викендов беа доделени и видео упатста како да го симнат првиот сегмент од онлајн наставата, а тоа е конференцискиот сервис мајкрософт тимс како да го користат. Па, во некои од училиштата денес имавме можност да се поврзиме со нашите ученици и да ја претставиме платформата пред нив и да им кажеме како ќе функционира.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани