АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Второ место и сребрен медал за Јана Поповска, претставничката на Пошта на Северна Македонија на 49–от литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз, организиран по повод 9-ти Октомври Светскиот ден на поштите.
Јана е нашата хероина, бидејќи за првпат во своето 49 годишно постоење претставник на Пошта на Македонија добива медал на Меѓународниот конкурс за млади на Светскиот поштенски сојуз. Награденото писмо на нашата Јана е едно од 1,2 милиони писма кои оваа година пристигнаа на Конкурсот во седиштето на СПС во Берн, Швајцарија.
Јана Поповска е ученичка во ООУ „Елпида Караманди“, Битола, а нејзин ментор е профсорката по македонски јазик Сузана Петковска.
„Секое писмо блеска со иновативност и креативност, а тоа се квалитети кои постојат кај секое дете како и на кој начин тој или таа го гледа светот. Тоа е искра која не повикува внимателно да слушаме и да посветиме внимание. И оваа година победниците не се разликуваат од тоа“, рече генералниот директор на Светскиот поштенски сојуз Хусеин Бишар при проглоасувањето на победниците во Берн, Швајцарија, во петокот на церемонијата која за првпат се одржа онлајн поради актуелната состојба со коронавирусот.
Искрата во писмото на Јана е дел од оваа креативност и инвентивност и таа искрено не повикува да ја слушнеме и да посветиме внимание на она што не опкружува „ И самата не знаев дека се радувам и на училиштето во есен и тоа до неодамна, само до пред десетина дена, кога… се случи нешто многу необично! Училиштето ни се затвори. А и другите училишта, не само кај нас… Насекаде! Низ целиот свет. Рекоа: смртоносен вирус!
Не сакам светот околу нас да остане онаков каков што го оставивме пред десетина дена!? Ние, децата, сакаме разнобојни ливади, чисти потоци, зелени планини, разлетани птици. Сакаме сини езера и разбранувани мориња, сакаме здрав свет“.
Да го слушнеме гласот на Јана и светот заедно да го направиме подобро место за живеење. Јана е нашиот глас во Светот. Темата беше Светот во кој што живееме, а Јана напиша онака како што го доживува секојдневието, осврнувајќи се и на новиот начин на живот што ни го наметна коронакризата, но и на другите проблеми со кои се соочува човештвото. Таа во писмото се сеќава како што пишува на „обоениот, загаден воздух во зима, оној од кој не можев да дишам со полни гради“, „на ридовите од ѓубре од нечовечка несовесност и на гладните кучиња што бараат остатоци од храна во тој отпад“, „на исчените шуми и падини“...
„Од државата се испраќаа повеќе пиисма, а годинава беше одлучено само на Јана писмото да се прати. Неочекувано освои сребрен медал на светкиот конкурс. Медалот и дипломата ќе бидат пратени во Македонски пошти во Скопје. Во зависност од тоа каква ќе биде ситуацијата со коронавирусот или ќе ги препратат во школо или ќе одрганизираат настан на доделување. Но, најверојатно ќе го препратат во училиштето. Оваа година за првпат во 49 години откако се организира ова натпреварување за писма, и во Берн, Швајцарија настанот на доделување беше онлајн“, рече за Апла.мк мајката на Јана, Наташа Петрова Поповски.
Првото место на Конкурсот го доби Волга Валчкевич од Белорусија, а третото место му припадна на Фан Хоанг од Витнам. .