2win800x200

Битолчанката Марија Теговска една од новите советници на премиерот Заев

Октомври 26, 2020

 

Битолчанката Марија Теговска е избрана да биде дел од новиот состав на советници на премиерот Зоран Заев, односно дел од новите 23 советници на премиерот. Теговска која битолската јавност ја памети како новинар на  поранешната  локална телевизија Мега, е назначена за советник за комуникации на реформските процеси. До неодамна беше посебен советник за односи со јавност во кабинетот на екс министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. 

На интернет страната на Владата, поради поголема транспарентност, се објавени нето-платите на вработените во кабинетот на премиерот Зоран Заев, но и на надворешните соработници. Во просек, платите на советниците изнесуваат 55.000 денари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани