Анета Блажевска

Анета Блажевска

ВИЗИЈАТА ЗА БИТОЛА НИЗ ПРИЗМАТА НА МЛАДИТЕ АРХИТЕКТИ

 
Во Кристалната сала на Офицерскиот дом, во организација на Општина Битола и Архитектонскиот факултет во Скопје, со поддршка на КИЦ Битола, денес беше отворена изложбата на студентски трудови, изработени во рамки на предметот Урбанистичко обликување 2, во 9 семестар, на студентите од Архитектонски факултет Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, под раководство на проф. д-р Дивна Пенчиќ, асист. м-р Ана Рафаиловска и дем. Бојана Исијанин.
 
На отворањето на настанот се обрати секретарот на општина Битола, Борче Димитровски, кој воедно изрази голема благодарност до студентите за презентираните проекти и визии за идниот развој на Битола.
 
Проф. д-р Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет во Скопје посочи дека седум тимови составени од студентите изработија седум визии за градот, преку 29 проекти на избрани локации. 
 
Целта на овој проект е да се види како идните планери и архитекти размислуваат за градот, при тоа применувајќи ја современата метода за планирање, преку изработка на визии за правецот на движење на градот. До сега, планирањето се работело конвенционално, без да се земат во превид сите потреби и останати стратегии за целокупниот развој на Битола. 
 
Многу од проектите се остварливи, истакнаа студентите при отворањето на оваа изложба, но за реализација се потребни големи чекори. 
 
Изложбата ќе биде достапна за граѓаните и во наредните денови во Офицерскиот дом.

Денеска во Битола министерот за земјоделство Цветан Трипуновски  беше во посета на ЈП Стрежево и  Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

 
Трипуновски објави дека со директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот за земјоделство - Битола, Пеце Стојковски се договоривме од понеделник да се започне со информирање и запознавање на земјоделците со новата Програма за финансиска поддршка.
 
Земјоделците заслужуваат да бидат информирани во делот на субвенциите.
 
Со директорката на ЈП Стрежево, Вера Бешлиевска разговаравме за претстојната сезона за наводнување на посевите на земјоделците. 
 
Потребно е да се санираат дефектите се со цел земјоделците да немаат проблем со наводнување на посевите како изминатите години.
 
Со разговор и координација се решаваат етапно сите проблеми, земјоделецот и неговата работа не треба да страдаат.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани