2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За специјалитетот „Сач“ на ресторанот „Грне“ се слуша низ цел свет

Јуни 28, 2018

Странските туристи штом ќе дојдат во Битола најпрво одат да вкусат од специјалитетот подготвен на традиционален македонски начин , „сач“ во националниот ресторан „Грне “ на плоштадот Магнолија, дури потоа ги распакуваат куферите, вели менаџерот на ресторанот Пеце Тоскоски.

Нашинци од Австралија, Шведска, Холандија, Франција, Италија се најчестите гости во ресторанот „Грне“, и безоглед на тоа колку време постојуваат во Битола, тука уживаат во специјалитетите на куќата, а тоа се националните јадења: гравче тавче, питулици, сармички од лозов лист, ширден, чорби и секако специјалитетот на ресторанот „сач“,како симбол на традиционално јадење подготвено под вршник .

12799175 1162978537059193 7438320527085979958 n

(ете како изгледа прочуениот специјалитет, а верувајте вкусот е уште подобар)

„Едно стапнување во Битола, странците доаѓаат најпрво кај нас. Тоа се наши иселеници , трета или четврта генерација, што доаѓаат од една земја и најчесто комуницирале со свои пријатели и им препорачале да не посетат. Да ги вкусат нашите специјалитети , направени на традиционален македонски начин“, вели Тоскоски

Во „Грне“ дневно се готват по најмалку 20 специјалитети под сач , големи тепции подготвени со месо, колбаси, печурки, грав , црвени пипери, и други зачини и тајни на шефот на кујната.

-На вкусот на сачот неможе да му се оддолее, странците колку време се во Битола толку дена се и наши гости. Убавото јадење се налева исклучиво со македонско вино и се ужива во музиката на тамбурашите од групата „Антика“, вели менаџерот на „Грне“.934691 565410966814284 1651980692 n

(гостите се чувствуват пријатно во амбиентот на ресторант „Грне“)

Овој национален ресторан кој е сместен во срцето на Битола, стана свртилиште и на туристичките групи од Холандија, Полска, Франција, Италија кои преку туристички агенции доаѓаат на еднодневна посета во Битола. „Грне“ успева да го задоволи и нивниот префинет вкус за храна. Нивното задоволство се гледа по тоа што се случувало странски туристи да дојдат со ливче на кое нивни познаници што ја вкусиле храната во „Грне“ им го напишале името на ресторанот и ги успатиле таму задолжително да ручаат.

Благодарение на ваквата понуда, битолското „Грне“ го претставува светот во мало.

Други специјалитети на „Грне“:

382476 592001724155208 1993833686 n

942929 594344557254258 755065014 n

1934495 1100874549934587 6463559198749962241 n

15181205 1364809110207795 4607836622589751120 n

945619 594721710549876 1581316819 n 1013893 595963773759003 577430384 n600297 1100874373267938 6310054945928460937 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани