АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Покрај песните, битолската публика ќе го памети пејачот и актер Влатко Илиевски и по неговата енергична актерска игра во претставата „Есенин“ кој во 2013 година беше одриграна на сцената на Народниот театар во Битола. Познатиот македонски пејач, кој по професија е актер, ја играше главната улога на познатиот руски поет Сергеј Александровиќ Есенин во истоимената претстава, која ја режираше битолчанецот Благојче Божиновски. Претставата која беше дел од премиерите на Народниот театар во Битола за сезоната 2013-та, ја опишуваше руската диктатура која според делото поставено на сцената, придонела поетот да се самоубие.
Илиевски во ликот на младиот Есенин заедно со актерката Гарбиела Петрушевска, кога ги играше жените на поетот, повеќе од еден час глумеа и ги пееја стиховите на Есенин кои во песни ги имаше преточено композиторот Марјан Неќак. Преку кусиот живот на поетот беше претставена диктатурата во поранешна комунистичка Русија, каде на режимот како што беше прикажано, му пречеле креативноста, слободоумноста и критички настроената поезија на Есенин. Илиевски носеше дрво со гранки на грбот кои го прикажуваа неговиот темперамент и талент, а му беа сечени при секој проблем и пад во животот.Ова беше само една од улогите што ги одигра во својата актерска кариера.
Познатиот македонски пејач Влатко Илиевски синоќа беше пронајден мртов во неговиот автомобил на улицата „Трета македонска бригада“ во Скопје. Причините за смртта ќе се истражуваат, неговото тело е дадено на обдукција.