2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Од архивата на Лавчано: Битолачни биле највредни во градењето насипи за спас на Загреб од поплави

Јули 22, 2018

Овој месец се навршија 50 години од учеството на битолската младинска работна бригата „Илинден 1903“ на работната акција „Сава 68“ на која се подигале насипи за спас на Загреб од поплавување од реката Сава. Според објавата на битолскиот историчар Владо Темелковски Лавчан на својот фејсбук профил, во акцијата учествувале 120 бригадири од Битола, а бригадата трипати била прогласена за ударна.

Со покажаната посветеност на терен го освоила најголемото признание на акцијата во тоа време -лентата „Седумте секретари на СКОЈ“.

Бригадара „Илинден 1903“ својот дел од насипот на реката Сава во должина од 120, а висина од 6 метри, го завршила предвреме. Битолските бригадири беа наградени и како добри организатори на културно-забавниот живот во населбата. Од дирекцијата на изградбата добиле спомен –книга „Слободен Загреб“. За најдорби бригадири биле прогласени Милутин Василев, Раде Мијаковски и Тоде Вишевски.36597852 244631883008162 8789088261260705792 n

„Ете, така се градеше држава без тендери и провизии, со љубов и волонтерство“, напишал историчарот на својот фејсбук профил.

Кон ова со коментари се јавиле и директни учесници во акцијата. Така битолчанецот Владимир Михајловски напишал дека учествувал во акцијата и добил соодветно признание.36646921 244631759674841 7319945893950521344 n

„За жал нашиот тогашен ентузијазам за работа, сега во најголем дел го нема кај сегашните млади генерации, некако како да се затворија во себе, мислат само на комерција и 'киснење' по битолските кафеанчиња“, напиша Михајловски.

Пред градењето на насипите, Загреб се соочуваше со големи поплави, така во 1964 година, надојдената река се излеала и поплавила една третина од градот.

(Фото од поплавите на Сава во 1984 година 

8fb5a21e8097974ffe1e

poplava zagreb

poplava naslov

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани