2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Влашката заедница со идеја посмртните останки на Јанаки Манаки да се донесат во Битола

Септември 28, 2018

Влашката заедница од Битола подолго време има идеја да ги пренесе посмртните останки на Јанаки Манаки од Солун во Битола. Стефан Хаџи- Антоновски припадник на влашката заедница, но и еден од иницијаторите за создавање на фестивалот „Браќа Манаки“, вели дека годинава е подгоден момент за да се покрене ваква иницијатва бидејќи се слават 150 години од раѓањето на Јанаки Манаки и 120 години од атељето на браќата Манаки.

„Одамна постои оваа идеја, а целта наша е двајцата браќа да бидат во едно почивалиште. Јанаки починал во Солун и таму е погребан во ист гроб со сопругата и синот кој умрел уште додека бил дете. Милтон пак, е погребан на Влашките гробишта во Битола, заедно со сопругата. Двајцата се прогалсени за културни дејци и добро би било еден ден посмртните останки да бидат во заедничко почивалиште“, рече Хаџи- Антоновски за Апла.мк.

 

Во иднина ќе треба добро да се осмислат чекорите за реализирање на оваа иницијатива поради процедурите за есхумација кои би следеле бидејќи Јанаки е погребан во Грција.

Денес како што е традиција во рамки на ИФФК „Бараќа Манаки“ беше положено свежо сцвеќе на грдбот на Милтон Манаки во Битола. Цвеќе положија претставници на Општина Битола, Советот, на влашката заедница во Битола, додека во име на фестивалот пригодна реч одржа директорката на 39. ИФФК „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска.

„Благодариме за грижата со која се однесувате кон овој споменик на културата“, рече Гена Теодосиевска обраќајќи се кон претставниците на влашката заедница, и додаде: „бидејќи мислам дека браќата Манаки имале некакво претчувство дека нивната активност еден ден ќе има некаква вредност, дека некои идни генерации ќе ја земат предвид и ќе знаат да ја почитуваат. Тоа се случува денеска, со нашата посета на нивното вечно почивалиште“, рече Теодосиевска.

Прогодна реч одржа и Најџел Волтерс, кој веќе 12 години доаѓа во Битола и е вистински пријател и партнер на фестивалот „Браќа Манаки“:

-Во името на фестивалот голема чест и привилегија е да се биде тука и да се чествува животот и делото на двајцата браќа, кои направиле толку многу за раната кинематографија, за историјата на Балканот и за интернационалните кинематографери, кои секоја година доаѓаат во Битола на овој фантастичен фестивал што сите ние го сакаме, рече Волтерс.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани