2win800x200

Боксерскиот клуб „Пелистер 2007“ шампион на боксерската лига на Македонија

Ноември 07, 2018

Боксерскиот  клуб „Пелистер 2007“ од Битола е шампион во првата лига на Македонија за 2018 година. За Денот на ослободувањето на Битола , тие го донесоа најубавиот подарок за градот, шампионски пехар.

Александар Најдовски-Сканта, Јове Петровски, Денис Муаремовски и Никола Бубевски се шампиони во сениорска категорија. Тие на 3 ноември во Штип  се покажаа во најдобро светло и издоија победи.

- Нашите боксери во оваа лига се натпреваруваат во текот на целата година, од почеток бевме први и тоа го потврдивиме и на крајот од шампионатот. Работиме континуирано, а кога имаме натпревари тренираме и по два пати на ден, и ете тоа ни донесе високи резултати, изјави за апла.мк Александар Најдовски-Сканта, боксер, претседател на боксерски клуб „Пелистер 2007“ од Битола.

 

Според Најдовски боксерите од Битола беа најдобри и во категоријата младинци; Орхан Шекировски-Пантер, Рамон Ќазимов, Симар Исмаиловски, Петар Марковски и Едисон Мемедов.

Битолските шампиони во бокс од Федерацијата на боксери се закитија со дипломи и парични награди.

Главни тренери во боксерскиот клуб „Пелистер 2007“ се Златко Мурџевски, Александар Димовски- Димса и Дејан Џинич.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани