АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Употребени гуми од автомобили и трактори средношколците од „Еко герила “ од Ресен ги претворија во корпи за отпадоци.
Петнаесеттина млади ангажирани во овој еко проект покажаа како може да се подигне свеста и одговорноста кај младите за здравата животна средина.
-Се заврши последниот чекор од проектот на младите свесни и совесни граѓани на општина Ресен. Еднонеделниот ангажман, чија цел беше да се направат канти за школскиот двор на С.О.У. „Цар Самоил “-Ресен , користејќи употребени гуми, успешно беше завршен. Целта на овој проект не е само за да се обезбеди простор каде да се фрла отпадот, туку да се види како дел од младите размислуваат за подобро општество во цела оваа негативност која нѐ има обземено повеќето. Штом 15 члена група на млади луѓе чувствува одговорност кон оваа земја која ни е нам поклонета, значи можеме сите. Дајте да ја согледаме ситуацијата на нашето живеалиште малку подалеку и поинаку од досегашново. Ова што е сега, можеби по неколку децении нема да го имаме. Оваа земја не заслужува да биде уништена од нашата неодговорност. Со мали напори до големи промени, велат средношколските од „Еко герила“ од Преспа.