За потребите на службите кои работат на терен ЈП "Водовод" од Битола набави пет нови возила.
Од таму велат дека вложениот труд и домаќинското работење во изминатата година и половина овозможуваат да се инвестира во опрема, во едукација и обуки на вработените, подобрување на условите за работа во ЈП "Водовод", како и услугите кон граѓаните.
"За постигнување на уште поголеми успеси во период кој претстои, се работи и на намалување на загубите во водоводниот систем", велат од ЈП "Водовод"..