Медицинска сестра од одделот за Педијатрија во Клиничката болница Битола е ковид позитивна. Таа според официјални информации од Битолската болница се заразила надвор од работното место, а поради контакт со свои колеги четворица од нив се во изолација.
- Нашата вработена се заразила од веќе познат случај, надвор од работното место. Во изолација се четворица од вработените на Педијатрија, изјави за Независен.мк д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничката болница Битола.