АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН
25 АВГУСТ 1944
На планината Ниџе, во близина на врвот Кајмакчалан е убиен Мордехај (Мордо) НАХМИЈАС-Лазо, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Роден во Битола во 1923 г. Евреин по националност. Во раководството на работничката еврејска младинска организација во Битола од 1934 г. Пред војната одреден период живее и работи во Белград, а по окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија во април 1941 г. се врати во Битола. Неговата куќа уште во тој период служи како еден од најважните илегални престојувалишта на партиските работници во градот.
Во 1941 г. е член на КПЈ во Македонија. Во 1942 г. борец во Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Подоцна командант на баталјон во Првата македонска бригада, а загина како заменик командант на баталјон во Седмата македонска народноослободителна бригада во борбите на Кајмакчалан против бугарски окупаторски војници од граничната караула.
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар