2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Одбележана 41 година од смртта на народниот херој Васко Карангелевски

Февруари 03, 2018

По повод 41-годишнината од смртта на народниот херој Васко Карангелевски, Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Битола и граѓаните продолжувачи, положиja свежо цвеќе пред неговата спомен-биста во родноto село Брусник.

 

На денешен ден во 1977  година кај Македонски Брод загина генералот на ЈНА и народен херој Васко Карангелевски. Роден бил во селото Брусник, Битолско, на 7 јули 1921. Бил истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење во Вардарскиот дел на Македонија и учесник во антифашистичката војна 1941-1944 г. Пред Втората светска војна бил земјоделски работник. Бил заменик-командант и командант на баталјонот „Стив Наумов“, заменик-командант на Четвртата бригада, а потоа командант на Петтата и Седмата бригада. На крајот на антифашистичката и ослободителна борба бил командант на Четириесет и деветтата македонска дивизија на НОВЈ.

По ослободувањето на Македонија од бугаро-германската окупација, дипломирал на Воената академија „Ворошилов“ во СССР, ја завршил Вишата воена академија на ЈНА. Во ЈНА имал чин генерал-полковник и бил командант на дивизија, началник на штаб на корпус и на подрачје, началник на штаб на армиска област и командант на армија. Бил член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Прогласен бил за народен херој на СФРЈ во  1953 г. Загинал во несреќен случај.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани