АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За разлика од ковид-19 кој покоси повеќе животи, жртвите од сообраќајни несреќи се многу намалени. Во 2019 година СВР Битола броеше 4 жртви од сообраќајни незгоди, а до денес имаме само 1 жртва од сообраќајна несреќа годинава. Како отсек за превенција секојдневно преземаме превентивни и репресивни мерки во Битола. Како Сектор за внатрешни работи можеме да се пофалиме дека во изминатите три-четрири години имаме перманентно намалување на сите сообраќајни незгоди, а и намалување на жртвите од сообраќајни незгоди, рече Сашо Гилевски, началник на Отсекот за превенција при СВР Битола.
Денес, Републичкиот и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Битола го одбележаа Светскиот ден на жртви од сообраќајни несреќи.
„За жал имаме голем број на сообраќајни незгоди. Статистиката е црна во светот и кај нас. Често пати велиме дека се случува сообраќајна несреќа, но не се случуваат, туку се предизвикуваат од лица од невнимание или непочитување на правилата и прописите. Според СЗО, во светот 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајните незгоди. Секој ден се губат 3500 лица во сообраќајни незгоди или на секои 24 секунди едно лице го губи животот. И во Република Северна Македонија имаме голем број на загинати лица, во 2019 година загинаа 132 лица и 5164 лица беа повредени“, рече претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Гордана Кожуваровска.