АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По студентските протести во понеделникот во Битола против промената на името, 16 кракото сонце заврши во рацете на Коњаникот на плоштадот Магнолија. Некој го стави на споменикот на Филип Втори кој се издига на плоштадот Магнолија каде беше и студенскиот собир. Споменикот беше подигнат пред седум години од страна на претходната локална власт на Битола. Филип Втори на животи видел многу битки, а неговиот споменик многу бои. Откако е поставен сведок е на бројни протести и партиски митинзи. Тие му се најчести во агендата. Има само седум години, а доживеа бурна историја. „Шарените“ го боеа, други го чистеа, поранешните градските власти едно време го претворија во лампион, сега служи како збирно место за протестите поврзани со зачувување на јазикот и името. Едни му испишаа недолични цртежи и зборови, а други му прикачија знаме да ги води. Коњаникот во срцето на градот е уште еден доказ за поделеноста на народот.