АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денес ја посети гимназијата „Јоспи Броз Тито“ од Битола каде беше потпишан уште еден петгодишен договор за соработка со Француската алијанса што овозможува размена на ученици и соработка на многу проекти.
Француската Алијанса од Битола традиционално и оваа година организираше Новогодишна приредба во Mалата сала на Центарот за Култура. Учениците со песни на француски јазик, танцови и глума уживаа на сцена. Тие покажаа со оваа приредба што научиле овој семестар. Конзулката на Република Франција Калиопа Кривашија Стилиновиќ ја отвори приредбата и им посака на децата среќна Нова година и секако да продолжат со изучувањето на францукиот јазик кој отвора многу врати!Француската Алијанса од Битола постои веќе 18 години и денес брои 170 ученици по француски јазик