АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ова дело и овие сознанија може да дадат една поинаква слика и перцепција за Македонците генерално и за останатите луѓе кога станува збор за македонското малцинство или за нашинците во Р. Албанија. Ова е само една од пораките што ја носи монографијата „Етнографија и антропологија на Македонците „Нашинци“ од македонско – албанското пограничје“ на авторот д-р Мери Стојанова, која вечерва беше промовирана во НУ „Завод и Музеј“ – Битола. Книгата е резултат на теренските истражувања и кабинетската работата на нејзината докторска теза во која акцентот е ставен врз промената на традиционалната култура на Македонците – нашинци, во пределите Мала Преспа и Голо Брдо.