
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот Тони Коњановски присуствуваше на одбележувањето на 250 годишнината од независноста на САД, на прослава во Скопје, на покана на новата амбасадорка на САД Н.Е Никол Варнс. Коњановски објави - " Честа е огромна да се биде дел од одбележувањето на 250-та годишнина од независноста на САД
На покана од в.д. амбасадорот на САД, Н.Е. Никол Варнс, заедно со секретарот на Општина Битола Борче Димитровски, присуствуваваме на одбележувањето на овој голем јубилеј кој ја слави идејата за независност, слобода, човекови права и демократија, за еднакви можности и иднина која им припаѓа на визионерите и оние кои имаат храброст да ја создаваат.
Нека е честит големиот јубилеј, 250-години од независноста на Соединетите Американски Држави и нека биде вечно пријателството и партнерството помеѓу нашите два народи, објави Коњановски.
Во прва работна посета на Општина Битола, денес присуствуваше новиот амбасадор на Република Франција во земјава, неговата екселенција Сирил Бомгартнер, во придружба на почесниот конзул на Република Франција во Битола Калиопа Кривашија Стилиновиќ.
Иднината е во Европската Унија и се што останува надвор од неа ризикува. ЕУ пак останува отворена за интеграција на земјите од Западен Балкан, беше истакнато од европската делегација на денешната изложба “Уште поблиску до Унијата“ организирана во Битола. Изложбата беше по повод 60 годишнината од потпишувањето на Римските договори кои се сметаат за темел на заедничкиот европски пазар и зачеток на Унијата.
Своето обраќање амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, го имаше на македонски јазик.
