
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Навреме и без проблеми почна гласањето на шестите по ред локални избори во Битола. Точно во 7 часот отворени се сите 170 гласачки места на кои може да гласаат 83.616 граѓани, евидентирани на единствениот избирачки список.
Претседателот на ОИК-Битола, Зоран Насев, за апла.мк, потврди дека гласањето почна навреме и се одвива без пречки..
Како што информираше Насев, вчера во Битола гласале 49 затвореници во затворот„Црн мост“,како и 64 болни и изнемоштени лица во нивните домови.
Владимир Талески, заминува од градоначалничката фотеља, оставајќи ја поранешната касарна како големо градилиште наместо ветената урбана населба. Три асфалтирани улица, незатворени шахти, ископано – незавршено, земјени пристапи, кал и ѓубре, вака накусо може да се опише моментната слика во новата населба, која уште на самиот почеток доби холивудско име „Златен рид“.
ВМРО-ДПМНЕ , во Битола, разубедувало гласачи да не гласаат за кандидат за градоначaлник на 15 октомври. Членови на партијата од населбата Јени Mаале, велат дека лица од општинскиот комитет ги разубедувале дека големата излезност би одела на контото на СДСМ, и би значела победа во прв круг на Наташа Петровска.
„Чесноста за мене е пред се зашто и по четири години сакам да ве видам со чисто лице и без срам, да пијам кафе со вас на Широк Сокак“. Вака кандидатката за градоначалник од редовите на СДСМ, Наташа Петровска им порача на своите сограѓани на партиската промоција што се одржа в очи почетокот на изборната кампања во Битола. Во преполната сала со стотици сопартијци и поддржувачи, таа одржа емотивен говор ветувајќи дека нејзиниот кабинет ќе биде отворен за сите граѓани и беше наградена со бурни аплаузи.