2win800x200

Почна гласањето во Битола, навреме и без проблеми

Октомври 15, 2017

Навреме и без проблеми почна гласањето на шестите по ред локални избори во Битола. Точно во 7 часот отворени се сите 170 гласачки места на кои може да гласаат 83.616 граѓани, евидентирани на единствениот избирачки список.

Претседателот на ОИК-Битола, Зоран Насев, за апла.мк, потврди дека гласањето почна навреме и се одвива без пречки..

Како што информираше  Насев, вчера во Битола гласале 49 затвореници во затворот„Црн мост“,како и 64 болни и изнемоштени лица во нивните домови.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани