
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
– Во денешниов свет не е возможно да останете настрана од глобалните процеси каде што нашиот најголем национален и државен интерес е да градиме партнерство со сите оние за кои Европа е домот кој нѐ интегрира и нѐповрзува. Република Северна Македонија е држава која сигурно чекори кон својата иднина при што, убедена сум, нејзини најголеми поддржувачи кон европскиот пат се токму младите – порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска од Валандово.
Таа денеска пред инфо-точката за младинска соработка „Спојувалка“, се обрати на отворањето на второто издание на Младинскиот фестивал „Доживеј ја соработката“, на кој учествуваат млади луѓе од земјава и од Република Грција.
– Луѓето што ги сретнав денеска во градот и атмосферата што ја создаваат активностите на младите се потврда на мојата идеја дека соработката на идните носечки умови во Европа со својата нова автентична колективна енергија уште еднаш потврдува дека пријателството, идеите, креативноста и посветеноста го обликуваат светот во кој живееме – рече министерката за култура.
Според Костадиновска-Стојчевска, фестивалот е одлична можност за поттикнување на потенцијалот на младите генерации, да се дружат, да се забавуваат, да се запознаваат и да соработуваат преку широк спектар активности, како: интересни спортски игри, квалитетни културни содржини, музика, гастрономија.
– Верувам и знам дека фестивалот и во иднина ќе биде место каде што соработката ќе цвета, каде што идеите ќе се споделуваат, а инспирацијата ќе се множи. Заедно можеме да го изградиме светот што го сонуваме – свет полн со инклузивност, разнообразност и непрекинат стремеж за нови постигнувања – рече Костадиновска-Стојчевска.
Младинскиот фестивал „Доживеј ја соработката“ го организираат Младинскиот сојуз од Крушево и „SEE in Action“ од Република Грција, кои се и иницијатори за формирање канцеларии за младинска соработка меѓу младите од Северна Македонија и од Грција, „Соработка за заедничка иднина“, поддржани од Амбасадата на САД и од Амбасадата на Германија.
Младите од Битола дискутираа за приоритетите и можните решенија за нивните проблеми во рамките на процесот за изработка на Стратегија за млади на Општина Битола, проект кој е поддржан од ЕУ, а општината го реализира во соработка со Коалиција СЕГА .
Најмладата малолетничка во Македонија која абортирала има само 13 години. Во 2020, имало 18 девојчиња под 15 години кои биле родилки, а од вкупниот број на новороденчиња, 4,9 проценти биле донесени на свет од трудници на ворзаст од 15 до 19 години. Ова се само дел од податоците што со јавноста ги сподели Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), која започна со активности за одбележување на Неделата на женското здравје.
Во тек е кампања со дебати за теми поврзани со репродуктивносто здравје на жените и активности за да се срушат стигмите и бариерите што девојчињата и жените ги имаат за своето репродуктивно и сексуално здравје и да ја подигнат свеста за значењето на редовните гинеколошки прегледи.
„Малолетничката бременост можеби е во некакво опаѓање, но бројките уште се големи. Има огромно поле за работа со адолесцентите кои имаат одредени непознавања како се останува бремена и како да се заштитат од преносливи инфекции. Анализите покажаа дека тие претставуваат најмал дел од популацијата која редовно се обраќа на гинеколог. Кај младите има една стигма и незнаење за некои од основните работи, на пример опасностите да се здобијат со сексуална пренослива инфекција. 20 проценти од нив сметаат дека кондомот штити од несакана бременост, а не штити од сексуално преносливи инфекции. И 20 проценти од младите сметаат дека ако пијат орална контрацепција тоа ќе ги заштити од сексуално преносливи болести, што не е точно“, рече проф. д-р Глигор Тофоски.
МАГО во соработка со други организации синхронизираше 20 видеоклипови каде на интересен начин за младите се пренесуваат сознанија за сексуалното здравје, а меѓу нив и за незаштитениот секс.
Друг поразителен податок е тоа што повеќе од 60% од жените не одат на редовен гинеколошки преглед еднаш во годината, а повеќе од 40% немаат избрано матичен гинеколог. Источниот Регион бележи намал одѕив за вакви прегледи. Со пандемијата намален е и бројот на гинеколошки прегледи од бремените жени.
„За жал, бележиме двојно намалени услуги за редовни прегледи посебно во првите три месеци од бременоста, а тоа е многу важно за сите компликации кои можат да се јават понатаму во бременоста. Намалени се услугите за репродуктивното здравје. Иако се спроведе проектот за безбеден абортус , сепак сите услуги за семејно планирање не забележавме дека добија поголем одговор во споредба со минатото“, рече проф. д-р Ана Данева.
Со мобилната гинеколошка амбуланта од декември досега опфатени се 1.300 пациентки. Обезбедуваат ултразвучни прегледи во бременост, гинеколошки прегледи, земање на брис, ХПВ тест и тестови за сексуално преносливи инфекции, а жените ако е потребно се праќаат и на дополнителни иследувања.
„Мобилните гинаколошки амбуланти функционираат до крајот на јуни. Важно е да останат одржливи и во склоп на Министерството за здравство, па да се опфатат оние региони каде има поголема преваленца на генитални карциономи или недостигаат матични лекари. Заборуваме за голема група од над 40 проценти пациентки кои немаат матичен гинеколог, па да се поттикнат да одберат и навремено да бидат потсетувани да го посетуваат барем еднаш во годината“, рече Тофоски.
Пред 3 години, од невладината ХЕРА кажаа дека во многу региони, особено во руралните средини, жените немаат матичен гинеколог иако бројот на доктори во споредба со бројот на жители е во линија на Европската унија.
Се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста. Меѓу последно евидентираните хоспитализиции и смртни случаи предизвикани од компликации на Ковид-19 во земјава има сè повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта мутацијата на вирусот. Ниската стапка на вакцинација во рамки на младите групи е она што, за жал, е причина сè поголем број на заразени да бидат токму младите, кои доколку не се имунизирани можат да развијат тешка форма на болеста, која пак може да доведе до хоспитализација, а некогаш и до смртен исхо, инфомираат од МИнистерството за здравство.
Младинската невработеност е речиси двојно поголема од просечната стапка на невработеност во Македонија, што е висок процент и покрај мерките што државата ги презема години наназад преку плаќање на придонеси за вработување на млади, субвенционирање и друго. За овој горлив проблем зборуваше Дона Костуранова од Младинскиот образовен форум од Скопје на панел дискусијата „Младите и политиките за вработување “што денес се одржа во Битола во организација на МКЦ и Фондацијата за претприемачи-сервис за млади.
