
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За првпат е потпишан Колективен договор меѓу Министерството за образование и Самостојниот синдикат за образование и наука на кој се приклучи и Независниот академски синдикат.
-Гледајќи ја состојбата во образовните установи во различни општини, Битола долго време беше запоставена од претходнаа власт во однос на капитални инвестиции и во однос на средства што се наменуваа за реконструкции и опремување на училиштата.
Универзитетите треба да размислуваат за намалување на бројот на студенти бидејќи не може и не смее да се фалиме дека 93,8 проценти од средношколската популација се запишала на факултет, а да имаме интелигенција која виси на пазарот на трудот, рече Димче Настоски, директор на Гимазијата „Мирче Ацев“ од Прилеп на денешната средба на директорите на средните училишта со Управата на Битолскиот универзитет.
Во рамките на проектот„ Мултиетничка интеграција во образованието“, СОУ „Таки Даскало“ од Битола денеска организираше мултиетничка кујна. Полните трпези со кулинарски специјалитети беа подготвени од тимот што го спроведува проектот, составен од припадници на различни етнички заедници. Професорите, учениците, како и гости од други училишта имаа можност да пробаат различни видови храна, но и да се дружат меѓусебе
Опозицијата го поздрави присуството на градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет со зборовите „Нека е за аирлија“ и прашуваше за состојбите во образованието, за непотизмот , за легализацијата на објектите, за обиколницата, за загадениот воздух...Завршните сметки на училиштата и градинките денеска се најдоа пред советниците. Училиштата должат 4, 3 милиони евра, долгови наследени од бившата власт. Петровска ги потсети советниците од опозицијата дека токму заради образованието некои се влечкаат по судови.
