Интегрално ја пренесуваме реакцијата на СДСМ Битола:
„ДПМНЕ Битола да не зема в уста имиња на македонски културни работници и на културни институции оти со тоа ги сквернави!
Градоначалникот Тони Коњановски да не наметнуваат во јавноста теми чија единствена цел е да го дефокусираат вниманието од грабежот на општинската каса што се случува во Битола!
Дилемите што ги отвори самиот Коњановски за парите за култура, може да ги реши единствено тој. Нека ги повика сите уметници кои се дел од Битфест или изразиле желба да бидат дел од
Битолското културно лето и убаво нека им објасни дека самиот тој и службите во Општина Битола во декември 2022 година предложија буџет за културни настани кои ќе се случат во 2023 година. Советот го изгласа буџетот што Коњановски го предложи, а во кој Битфест е составен дел. Културните работници се интелектуалци луѓе и сигурно ќе разберат и сфатат дека проблемот не е во советниците, туку во недомаќинското работење на општината и градоначалникот Коњановски кои парите за култура, предвидени и одобрени во декември 2022 година, очигледно ги потрошија уште на средината на 2023 година. Толку едноставно!
- Дали Коњановски погрешно ги испланира парите за култура за 2023 година?
- Ако е така, што да очекуваат битолчани при планирањето на парите за Планинарскиот дом Копанки, за новиот спортски комплекс или за новото училиште во Буковски ливади кои Коњановски ги вети и кај да е ќе започне да ги гради?
- На што ги потроши Коњановски парите за Битфест пред Битфест да почне?
Го повикуваме Коњановски конечно да се охрабри и да ги сподели со јавноста сите детали за распределбата на буџетските пари за култура. Нашите советници од декември лани ја чекаат информацијата што ја побараа од општината. Битолчани имаат право да знаат каде завршуваат нивните пари“, регираат од СДСМ Битола